Се уште останува нејасно дали со ветувањето на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на ДДВ-то за туристички услуги од 18 на 5 проценти, за сите сместувачки пакети, како за домашните, така и за странските туристи, ќе се намалат и цените за сместување по охридските хотели. Ваквото изборно ветување за хотелиерите не значи и намалување на цената на услугите. Најавија дека нема да ги спуштат цените бидејќи ќе работеле со загуба. Зголемени биле сите тошоци за производите што ги користеле и немало простор за намалување на цената. Бенефитот ќе бил во тоа што немало да поскапи сместувањето, па граѓаните ќе се спаселе од повисоки цени. Ние веќе од есен стартуваме со посета на саемите и со промоција на Македонија во нови земји, ќе треба да потпишуваме нови договори за идната година и ќе останеме конкурентни на светскиот туристички пазар со нашите цени.
Се уште останува нејасно дали со ветувањето на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на ДДВ-то за туристички услуги од 18 на 5 проценти, за сите сместувачки пакети, како за домашните, така и за странските туристи, ќе се намалат и цените за сместување по охридските хотели.
Ваквото изборно ветување за хотелиерите не значи и намалување на цената на услугите. Најавија дека нема да ги спуштат цените бидејќи ќе работеле со загуба. Зголемени биле сите тошоци за производите што ги користеле и немало простор за намалување на цената. Бенефитот ќе бил во тоа што немало да поскапи сместувањето, па граѓаните ќе се спаселе од повисоки цени.
- Ние веќе од есен стартуваме со посета на саемите и со промоција на Македонија во нови земји, ќе треба да потпишуваме нови договори за идната година и ќе останеме конкурентни на светскиот туристички пазар со нашите цени. Не може да се намалат цените затоа што оваа година доживеавме зголемување на инпутот меѓу 8 и 15 проценти. Самото тоа значи оптоварување на цената, па некои од колегите ќе треба да работат без добивка. Од друга страна, бенефитот ќе биде заеднички затоа што нема да има зголемување на цената, па граѓаните нема да плаќаат повеќе од сега - вели претседателот на ХОТАМ, Дончо Танески.
Според дел од хотелските работници, доколку дошло до одредена корекција на цените, таа нема да го следи трендот на намалувањето на ДДВ-то.
- Работиме моментално со позитивна нула. Трошоците се доста високи. Сигурно хотелиерите би задржале дел од ДДВ-то во нивна корист, така што доколку има извесно намалување тоа нема да биде 13 проценти, колку што е намалувањето на ДДВ- то - вели менаџерот на хотелот Метропол, Филип Мишев.
Според него, доколку се реализира ваквото ветување, Македонија ќе биде земја со најниско ДДВ во туризмот. Во Словенија и Хрватска оваа давачка изнесува осум проценти.
Сега, според хотелиерите, најголем проблем била лошата инфраструктура. Според Мишев, потребно е да продолжи трендот на евтини чартер-летови, но и формирање на Министерство за туризам. Така можела да се развива за туристичката индустрија.
Од општинската ВМРО-ДПМНЕ, пак, велат цените мора да паднат по донесувањето на ваквата одлука.
Претседателит Атанаско Михаилов на хотелиерите им порача добро да се информираат за постапките кои треба да ги преземат.
- Ако се намали ДДВ-то за туристички услуги од 18 на 5 проценти, тоа значи сите цени врзани за туризмот треба да паднат на 13 насто. Тоа е една од мерките со која сакаме да ја зголемиме конкурентноста, но кој како ќе го толкува тоа е друга работа - вели Михаилов.